Успиен младиот кит што се насука во Лондон

Повреденото младенче кит што се насука на бреговите на Темза западно од Лондон денеска е успиено, откако неговата состојба се влошила.

Фото: скриншот

Три метри долгото младенче беше ослободено откако се насука, но неговиот живот беше загрозен затоа што беше исклучително младо и далеку од дома.

Специјален тим спасувачи од пристанишната управа, Кралскиот национален институт за спасување (РНЛИ), Британската организација за спасување морски цицачи, противпожарната бригада во Лондон и полицијата синоќа со часови работеа за ослободување на китот.

Околу полноќ, тие го ставија китот на специјален понтон на надувување и го влечеа повеќе од еден километар низводно од браната Ричмонд Лок.

Тој се лизна од понтонот, а потоа продолжи да плива слободно во реката, но повторно се насука.

Ветеринарите, кои цел ден биле во состојба на подготвеност, заклучиле дека состојбата на младиот кит се влошува и решиле да го успијат.

Портпаролот на пристанишната управа во Лондон, Мартин Гарсајд, рече дека ова животно доаѓа од северот на Северно Море, така што е неколку стотици километри оддалечено од местото каде што би требало да биде.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе