Успешно полета боинг 777Х, најдолгиот патнички авион во светот (ВИДЕО)

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е спроведен пробнот лет на нивниот нов модел на авион 777Х, најголемиот двомоторен патнички авион во светот.

Авионот 777Х, поголема и поефикасна верзија на успешниот 777 муни-џамбо, полета од комерцијалната база во околината на Сиетл вчера во 10 часот по локално време, а слета во 14 часот. Силните ветришта ја примираа компанијата двапати да го одложи пробниот лет неделава.

Понатамошните тестирања ќе траат со месеци пред леталото да стане оперативно во 2021 година.

Боинг претходно објави дека неговиот досега најголем двомоторец, дизајниран за просечно 406 луѓе, првпат ќе полета на почетокот на оваа година, а првата испорака се чека следната година. првично беше предвидено првата испорака да се изврши кон средината на оваа година, што не е возможно поради проблемите во развојот.

77 метри долгиот авион е значително поголем од својот претходник 777-300ЕР и авионот ербас А340-600. Дури е и малку подолг од досегашниот рекордер 747-8, последната верзија на авионот „кралица на небото“.

Благодарение на својата должина, авионот е дизајниран така што во него може да се сместат меѓу 400 и 425 патници во две класи. Бројот на седиштата ќе варира во зависност од барањата на авио-компаниите.

Најдолгиот патнички авион во светот боинг 777Х беше официјално претставен во управата на Боинг во главниот производен погон на компанијата во Еверет во Вашингтон во март минатата година. Официјалното претставување на авионот беше поедноставено и одржано во главниот погон на компанијата за да им се одаде почит на настраданите во моделот на Боинг 737 макс 8.

Авионите 737 макс беа приземјени во целиот свет во март по двете несреќи во кои загинаа 346 луѓе. Истрагата утврди дека софтверот и сензорите придонеле на несреќата бидејќи пилотите не можеле да ги контролираат авионите.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе