Европски избори

Успехот на либералите, зелените и екстремните десничари ќе го расцепка Европарламентот

Додека последните избирачки места треба да бидат затворени за помалку од 60 минути во Европа, еве резиме на она што досега е познато за изборите за Европарламентот.

Одѕивот би можел да достигне 51% во 27 земји на Европската Унија, со исклучок на Велика Британија. Ако биде потврдено, ова ќе биде најдобриот резултат последниве 20 години.

Според првичните податоци, излезноста е зголемена во најмалку 13 земји во ЕУ, а најголем е одѕивот во Унгарија и Романија. Франција е на пат да го добие својот највисок одѕив на гласачите.

Големата коалиција на левицата и десницата ќе го загуби своето 40-годишно мнозинство: Европската народна партија и социјалистите и демократите заедно ќе изгубат 92 места во однос на 2014 година.

Европските либерали се меѓу најголемите победници вечерва, меѓу нив и Емануел Макрон. Се очекува новата центристичка либерална група да има 102 места, за разлика од 67-те што ги има под водство на актуелниот лидер Гај Верхофштат. Но националните резултати се неуспех за Макрон, бидејќи излезните анкети покажуваат дека тој ќе биде втор по екстремно десничарската партија Национално обединување на Марин ле Пен.

Зелените се предвидува да освојат 71 место во Европскиот парламент, што е нивен најдобар резултат досега. Нивниот успех е голем во Германија, каде што Зелената партија речиси двојно го зголеми својот резултат од 2014 година и ја истурка СПД на второто место со 22 отсто.

Екстремнодесничарската група Европа од нации и слобода е на пат да освои 57 места, што е за 30 повеќе од пред неколку години. Овој резултат не е пробивот од над 70 места, кој многумина го прогнозираа - иако сè уште се чекаат конечните резултати и составот на групата.

Сепак, според прелиминарните резултати добиени од 11 земји-членки и предизборните најави од 17 земји-членки, 751-то место во Европскиот парламент може да се поделат на следниов начин: Европската народна партија би имала 173 места, социјалдемократите 147, Алијансата на либерали и демократи плус Макроновата Република во движење 102 места, Зелените 71, европските конзервативци и реформисти 58, Европа на нации и слобода (алијансата на Салвини) 57, Европа на слобода и директна демократија (Движење 5 ѕвезди плус Партија за брегзит) 56, Европска обединета левица / Нордиска зелена левица 42.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе