Повеќе од 56.000 жители сега се збиени во училиштата и другите згради, две недели откако Вулканот Мајон покажа први знаци на немир.
Вулканолозите во понеделникот предупредија за престоечка опасна ерупција во текот на следните денови, а зоната за забрана е проширена од шест километри од кратерот на девет километри, принудувајќи ги локалните власти да наредат понатамошни евакуации додека пепелта врне врз населбите.
Во засолништата, луѓето спијат на подот и секој дели еден тоалет со 49 други лица, соопшти Црвениот крст на Филипините.
„Нивниот број драстично се зголеми откако зоната на опасност се прошири“, изјави за АФП Рос Риверо, администратор на Црвениот крст за регионот.
„Ако ја погледнеме историјата на неговите ерупции (на Мајон), ќе бидат потребни три до четири месеци пред да можеме да ги испратиме луѓето назад во нивните домови“, рече Риверо.
Државната канцеларија за вулканологија изјави дека се мали шансите тоа да се случи наскоро.
Пријавени се пет епизоди на „интензивна, но спорадична лава, која излегува од кратерот на врвот“ во вторникот навечер, заедно со облаци од пепел високи пет километри.
Лава и блескави карпи, се тркалаа по страните на вулканот, се вели во билтенот од среда.
WATCH: Fountain of lava spewing from the Philippines’ #mayonvolcano this morning, with ash rising 5km above the crater (📹: APTN) https://t.co/sZhM9OZKAN pic.twitter.com/qmMreIgop8
— Channel NewsAsia (@ChannelNewsAsia) January 24, 2018
Ерупцијата исто така привлекува љубопитни американски, европски и јужнокорејски туристи, рекоа локалните хотелиери.
„Активноста на Мајон ги привлекува. Сакаат да го видат од поблиску“ изјави за АФП Ник Ортонио, рецепционер во преполниот хотел со четири ѕвезди Ориентал во Легаспи.