Уште една земја го повлече признавањето на Косово

Република Науру од Пацификот е 17-тата држава што го повлече признавањето на Косово и Метохија, соопшти шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Како што кажа тој, ова е 17-тата држава што го повлече признавањето на Косово. Ова е втората земја што го повлече признавањето на Косово овој месец, бидејќи на 11 ноември беше објавено дека тоа го направила Гана.

Република Науру ќе ги прекине сите дипломатски контакти кои досега ги имала со Косово, кажа Дачиќ. Тој истакна дека во нотата, која му ја врачил заменик министерот за надворешни работи на Науру, врачена во српската амбасада во Австралија, се наведува дека Република Науру заклучила дека одлуката за признавање била избрзана и дека противречи на принципите на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Република Науру е најмалата независна репулика во светот со површина од 21,3 квадратни километри, но тие под влијание на Австралија меѓу првите го признаа Косово во април 2008. На островот Науру традиционално живеат 12 племиња, што е симболично претставено со 12 краци на знамето.

Островот го открил британскиот морнар капетан Џон Ферн во 1798 и го нарекол Пријатен остров. Германците станаа колонијални владетели на крајот на 19 век.

Подоцна со островите заеднички администрираа Австралија, Нов Зеланд и Британија.

Науру стекна независност во 1968 година.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе