Одржани протести во неколку градови во Србија

Уште една ноќ без немири пред собранието на Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Во повеќе градови во Србија продолжија протестните собири шести ден по ред. Граѓаните излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство од состојбата во земјата, но и начинот на кој државата се бори против коронавирусот.

EPA-EFE

Демонстрантите на скалите на Скупштината на Србија ставија сад со храна за кучиња, како што претходните денови правеа во Нови САД и пред полисиските станици и на собраниското обезбедување и полицијата им извикуваа „кучиња“.

Пред зградата на сообранието во Белград се и Драган Ѓилас и Борко Стефановиќ од опозициската Партија на слободата и правдата. Претходно лидерот на партијата Ѓилас кажа дека „параполициските структури“ кои „без легитимации ги апселе демонстрантите“ во претходните денови, се блиски со поранешната државна секретарка во министерството за внатрешни работи Дијана Хркаловиќ.

Порталот Нова.рс јавува дека пред српското собрание е целосно мирно, без тензии, и дека од толпата се слушаат само свирежи за актуелниот режим, а се користеле труби, свирчиња, вувузели...

Граѓаните собрани на протестот во Ниш ги повикаа полицајците да им се придружат: „Ние сме ваши, тука можеби има и ваши деца“.

„Нѐ има колку што нѐ има. Подобро да нѐ има 300, отколку 10.000 за потписи, закани и списоци“, порача еден од граѓаните на протестот во Ниш.

Нова.рс јави дека во Нови Сад на Плоштадот на слободата се собрале околу педесетина граѓани. Новосаѓани синоќа ги повикаа сите кои се во можност вечерва да заминат за Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе