Уште еден турски војник убиен, а двајца ранети во гранатирање на северозападот на Сирија

Еден турски војник е убиен, а двајца се ранети во гранатирање на сириските владини безбедносни сили во северозападната провинција Идлиб, соопшти денес турското министерство за одбрана.

Безбедносните сили на сириската влада се во офанзива во регионот во кој Турција испрати илјади војници и опрема за да им помогне на антивладините бунтовници, се вели во соопштението на Твитер на турското министерство за одбрана.

Турските власти вчера соопштија дека во истиот регион загинаа 33 нивни војници во воздушен напад на сириската војска, па најавија одмазда и дека нема да ги спречуваат бегалците да заминат кон Европа.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе