Варданџани бил предупреден од Исламската револуционерна гарда да престане да зборува против режимот и да престане да ја дели својата експертиза со други.
Иран на крај го убил на 14 ноември 2019 година. Убиството наводно го извршиле двајца разузнавачи од иранскиот конзулат.
Дисидентот го напуштил Иран, исто како што Кашоги ја напушти Саудиска Арабија. Тој се сместил во Турција, верувајќи дека ќе биде безбеден. Бил експерт за компјутерска безбедност и работел со иранското Министерство за одбрана.
Варданџани беше критичар на режимот на Техеран и зборуваше на социјалните медиуми. „Ќе ги искоренам корумпираните мафијашки команданти - молете се да не ме убијат пред да го сторам тоа“, напиша тој.
За разлика од аферата Кашоги, каде што највисоките функционери на Турција работеа за изложување на вклученоста на Саудиска Арабија и одржуваа скоро секојдневни разговори со печатот, официјална Анкара не се ни обиде да го спомене ова убиство.
Сега турските власти им рекоа на новинарите дека ќе го покренат прашањето со Иран.
Обвинението најверојатно ќе ја зголеми напнатоста меѓу Турција и Иран, две регионални сили што се зближија под владата на турскиот претседател Таип Ердоган, вели Ројтерс.