Уште еден американски сојузник го сака рускиот противвоздушен систем С-400

Катар и Русија преговараат за можно купување на ракетниот систем  С-400, а техничкиот комитет на Катар ја проучува потребата за набавка на тој систем, соопшти министерот за надворешни работи на таа земја.

„Засега нема договор со руската страна за купување на С-400. Меѓутоа, техничкиот комитет на Катар ги проучува неговите карактеристики и колку тој систем е во согласност со нашите потреби“, изјави Мухамед бен Абдерахман ел Тани на конференција за медиумите со рускиот колега Сергеј Лавров.

Тој истакна, коментирајќи ги пишувањата на медиумите дека Саудиска Арабија му поставила ултиматум на Доха да не купува С-400 од Русија, дека купувањето оружје е суверена одлука на секоја држава во која никој не се меша.

Лавров, од своја страна, вети дека Русија ќе ги разгледа барањата на Катар за испораки на воена опрема, доколку бидат примени.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе