Откриен „првиот пациент“

Уште четворица мртви од коронавирусот во Италија, Европа во паника

Бројот на пациентите со коронавирусот што починаа во Италија денеска достигна 11, откако регионалните власти во Ломбардија потврдија уште четири смртни случаи.

Сите 11 луѓе починале од петокот, кога бројот на заразени почна да расте.

Анџело Борели, шеф на регионалната агенција за цивилна заштита, рече дека сите тројца што починале денеска биле постари лица, на 83, 84 и 91 година.

Властите велат дека бројот на заболените од вирусот во земјата се искачил на 322.

Во Тоскана се појавија првите два случаи, меѓу кои и еден во туристичката дестинација Фиренца, додека еден заразен е потврден и во Сицилија: турист од најпогодениот регион, Ломбардија.

Италија и нејзините соседи одлучија да не ги затвораат границите поради коронавирусот, зашто тоа би било непропорционална и неефикасна мерка, изјавија во вторникот нивните министри за здравство.

Одлуката била донесена на итен состанок во Рим за епидемијата на вирусот во Италија меѓу италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза и неговите колеги од Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Словенија и Швајцарија.

Според италијанското Министерство за здравство, над 4.100 лица се тестирани за вирусот.

Италија досега потврди повеќе случаи на вирусот ковид-19 од која било друга земја, освен Кина и Јужна Кореја, делумно поради големите напори да се тестираат илјадници луѓе за неколку дена.

Ширењето на вирусот ги наруши славните традиционални настани, меѓу кои и модната недела во Милано и карневалот во Венеција. 

Во понеделникот вечер, министерот за спорт, Винченцо Спадафора, соопшти дека шест фудбалски натпревари во Серија А ќе се играат зад затворени врати.

Во Милано се откажани и оперите во познатата Ла Скала. 

Мисите во црквите низ погодените региони се откажани, а погребите се ограничени само на најблиски роднини.

 

Откриен „првиот пациент“?

Властите се сомневаат дека трагата од неколкумина заразени пациенти води до 38-годишен маж, кого властите го нарекоа „првиот пациент“. Иследниците ги реконструираат неговите движења од минута во минута во текот на изминатите неколку недели - каде спиел, јадел, одел - во обид да ги откријат сите со кои тој можел да стапи во контакт.

Се верува дека тој можеби им го пренел вирусот на неколку други луѓе во болница во Ломбардија пред лекарите да сфатат дека е заразен.

Швајцарија, Австрија и Хрватска ги пријавија првите случаи на коронавирус, додека епидемијата се влошува низ цела Европа, вели Гардијан.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе