Вкупно 3.434

Уште 738 починаа во Шпанија, и оваа европска земја ја надмина Кина

Уште 738 луѓе починаа во Шпанија како резултат на зараза со коронавирусот, со што земјата стана втора во светот по бројот на жртвите.

Тоа е најголем број смртни случаи во еден ден во Шпанија од болеста ковид-19 предизвикана од коронавирусот.

Бројот на починатите во Шпанија се зголеми на 3.434, со што таа ја претекна Кина, каде што настрадаа 3.285 луѓе.

Од коронавирусот најмногу луѓе починаа во Италија, 6.820 до вчера.

Бројот на заразени во Шпанија се зголеми за 20 проценти во последните 24 часа, на 47.610 лица.

Коронавирусната инфекција досега е потврдена кај повеќе од 445.815 луѓе низ целиот свет, од кои 19.786 починаа, а 112.037 оздравеа.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе