Уште 3 полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд

Тројца поранешни полицајци во Минеаполис кои се во притвор во среда ќе бидат кривично обвинети во врска со смртта на Џорџ Флојд, изјави сенаторката Ејми Клобакар, јави Си-ен-би-си.

Покрај тоа, Дерек Човин четвртиот поранешен полицаец, кој веќе беше обвинет за убиство од трет степен за случајот, сега ќе биде обвинет за убиство од втор степен, според судските записи.

Клобакар не објави детали за обвиненијата што јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон планира да ги покрене против тројцата други поранешни полицајци: Ту Тао, Џеј Александар Куенг и Томас Лејн. Сите четворица полицајци минатата недела беа отпуштени по апсењето.

Стар трибјун претходно соопшти дека тројцата ќе бидат обвинети за помагање и поттикнување убиство од втор степен, повикувајќи се на извори.

Поранешните полицајци му помагале на Човин да го уапси Флојд на Меморијалниот ден, под сомнение дека Флојд се обидел да плати со лажна банкнота.

Човин, кој е бел, во петокот беше обвинет за убиство од трет степен и убиство од втор степен, откако се појавија видео снимки на кои се гледа како клечи на вратот на Флојд скоро девет минути, додека Флојд, црнец, лежи со лисици, извикувајќи дека не може дише.

Семејството на Флојд побара Човин да биде обвинет за убиство од прв степен.

Бен Крамп, адвокатот на семејството, соопшти дека семејството изјавило дека се работи за „слатко-горчлив момент“.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе