Во интервју

Урсула фон дер Лајен: Брегзитот без договор ќе биде голем удар за двете страни

Ексклузивно: новоизбраната ЕУ-шефица навести дека може да има итна помош за Ирска.

Новата претседателка на Европската комисија рече дека брегзитот без договор ќе има „огромни негативни последици“ и за Велика Британија и за ЕУ, и рече дека Брисел може да обезбеди итна помош за нациите како Ирска, кои ќе го носат товарот на таквиот исход.

Во своето прво интервју откако во вторникот Европскиот парламент тесно ја изгласа за функцијата, Урсула фон дер Лајен рече дека договорот за повлекување склучен меѓу Тереза Меј и главниот преговарач на Комисијата за брегзитот, Мајкл Барние, ќе остане основата за секои идни разговори.

„Не сакаме брегзит без договор, тоа е лош исход за двете страни. Имаме добар договор за повлекување“, рече таа во ексклузивното интервју за Гардијан и за четири други европски весници.

Обајцата кандидати за наследник на Меј, Борис Џонсон и Џереми Хант, ветија дека ќе преговараат за договорот за излегување со ЕУ, изјавувајќи дека најконтроверзната компонента, бекстопот за Северна Ирска, е неприфатлива.

На прашањето за нивниот став, Фон дер Лајен рече дека договорот за повлекување „не е мртов“. Таа рече: „Не, тоа е добар договор, кој беше соодветно преговаран во согласност со црвените линии нацртани од британската влада“.

Таа го повтори својот став дека ЕУ треба да размисли за продолжување на сегашниот рок на брегзитот од 31 октомври, ако има „добри причини“ да го сторат тоа. „Брегзитот без договор доаѓа со огромни негативни последици за двете страни, а да не спомнуваме што значи тоа за Ирска. Затоа треба да сториме сè за да се стремиме кон уреден брегзит. И затоа, ако нашите британски пријатели имаат добри причини за одложување, јас сум спремна да ги слушнам.“

Таа додаде: „Би било погрешно брегзитот да се гледа само како крај на нешто. Начинот на кој ќе го спроведеме брегзитот ќе го одреди нашиот иден однос со нашиот сосед Обединетото Кралство. За двете страни од најголем интерес е да постои уреден и добар почеток на нашите идни односи.“

Во големото интервју спроведено во Министерството за одбрана во Берлин, во кое таа шест години беше министер, Фон дер Лајен, за групата весници „Европа“ изјави дека ЕУ ќе покаже солидарност со земјите-членки што најтешко ќе ги погоди брегзитот без договор.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе