Урсула фон дер Лајен: Пандемијата е маратон, а не спринт

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор за состојбата на Европската унија во Европскиот парламент во Стразбур.

Фото: ЕПА

Претседателката на Европската комисија првично зборуваше за реакцијата на Европската комисија на пандемијата на коронавирус. Таа смета дека реакцијата на Европската унија била добра, особено проектот Европа на идната генерација.

Фон дер Лајен рече дека Европа е главниот простор кога станува збор за вакцинацијата во светот.

„Пандемијата е маратон, а не спринт. Доставивме вакцини во Европа и остатокот од светот. Го направивме тоа на европски начин и мислам дека тој начин функционираше“, рече Фон дер Лајен.

„Највисок приоритет е да се забрза вакцинацијата во светот. Ова е едно од најголемите геополитички прашања на ова време. Решивме да поделиме 250 милиони дози од вакцината. Комисијата ќе испорача нова донација од 200 милиони дози за Африка“, додаде таа.

„Гледаме голема дивергентност меѓу земјите-членки кога станува збор за стапките на вакцинација. Вложуваме големи напори оваа пандемија да не се претвори во пандемија на невакцинираните“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека работата на европската здравствена унија е голем чекор напред.

„Погледнете го европскиот ковид-пасош. Имаме околу 400 милиони потврди. Учествуваат 42 земји на четири континенти. Успеавме да постигнеме сè за 4 месеци. Додека другите зборуваа за тоа, Европа го направи тоа“, рече претседателката на Европската комисија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе