Му се обрати на Европскиот парламент

Урсула фон дер Лајен ја претстави својата визија за ЕУ: Борба против климатските промени, родова еднаквост...

Кандидатката за претседателка на новиот состав на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент ја претстави својата визија на ЕУ, вклучувајќи ја борбата против климатските промени, посветена на заштитата на европските вредности и демократијата, одлучна во борбата за родова еднаквост.

Европратениците ќе гласаат за нејзината номинација ова попладне.

Во говорот во Стразбур, Фон дер Лајен предлага уште посмели цели за намалување на емисиите на штетните гасови – за 55 наместо 50 проценти до 2030 година.

Таа се обврза и дека во првите 100 дена на чело на Комисијата ќе достави план „Зелен договор за Европа“ и европски закон за клима, соопшти Европскиот парламент.

Таа, исто така, најави план за одржливи европски инвестиции, вклучувајќи делумна конверзија на фондовите на Европската инвестициона банка во „банка за клима“ за да се обезбедат инвестиции во износ од 1.000 милијарди евра во текот на десет години.

Фон дер Лајен истакна и дека ЕУ мора да воспостави економија која им служи на луѓето и каде „секој мора да носи дел од товарот“.

Ова, рече таа, исто така се однесува и на технолошките гиганти кои работат во Европа и сè уште не им плаќаат на граѓаните за пристапот до човечкиот и социјалниот капитал на ЕУ.

Повторувајќи дека е посветена на „родово балансиран колеџ на комесари“, изјави дека против насилството врз жените треба енергичнa борба и затоа ќе бара тоа насилство да се дефинира како кривично дело во европските договори и паралелно да се заврши пристапување на ЕУ до Истанбулската конвенција.

Фон дер Лајен ја истакна посветеноста на владеењето на правото како европска вредност и објави дека има намера да воспостави механизам за мониторинг на ниво на ЕУ со постоечките мерки.

Таа истакна дека овие европски вредности вклучуваат и обврска за спасување на животи на море која треба да се воведе во „хуманата гранична полиција“.

Изрази поддршка за „новиот пакт за миграција и азил“ и реформа на Даблинската конвенција, додавајќи дека има намера да ја зголеми силата на Фронтекс на 10.000 не до 2027, туку до 2024.

Говорејќи за европската демократија, Фон дер Лајен најави организација „Конференција за Европа“ почнувајќи од 2020 година на секои две години каде што граѓаните ќе имаат водечка и активна улога.

Таа укажа на потребата за зајакнување на системот „шпиценкандидат“, односно изборот на водечки кандидати за клучните функции на ЕУ, како и потребата да се разгледа местото на транснационалните листи на идните европски избори.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе