Урсула фон дер Лајен е новата шефица на Европската комисија (ВИДЕО)

Европските пратеници гласаа за Германката Урсула фон дер Лајен за нова шефица на Европската комисија.

За неа гласаа 383 од 733 присутни членови на Европскиот парламент.

Европскиот парламент вкупно има 751 пратеник.

Фон дер Лајен во својата политичка програма ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своите политички цели, документ доставен до европските пратеници пред гласањето, наведе дека сака да ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и ја истакна важноста од продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.

„Го делиме истиот континент, истата историја, истата култура и истите предизвици. Ќе изградиме и иста иднина заедно“, рече Фон дер Лајен во пишаниот документ.

Во разговорот со пратениците на Европскиот парламент идната претседателка на Европската комисија оцени дека вратите на ЕУ мора да останат отворени за идни проширувања.

„Имам голема почит кон напорите кои земјите од Централна и Источна Европа ги спроведоа и кои ги спроведуваат со цел да влезат во ЕУ, шенген и еврозоната. Мојот став е дека тоа треба да биде наградено штом ги исполнат критериумите“, порача Фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен претставувајќи ја својата политичка програма вети нова Комисија која ќе биде составена од еднаков број мажи и жени.

Фон дер Лајен, во денешниот говор пред парламентот, како централен проблем со кој се соочува Европа и светот ги истакна климатските промени.

„Најголемиот предизвик во овој момент е да ја одржиме нашата планета здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека сака Европа да стане првиот континент со нулта емисија на ЦО2 до 2050 година.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе