Урнатини и пустош: Бахамите од воздух по разорниот ураган Доријан (ВИДЕО)

Една недела откако разорниот ураган Доријан ги погоди Бахамите, на островите се пресметуваат последиците од големата катастрофа.

Засега официјално се потврдени 43 жртви, а се очекува бројката да расте со непредувањето на акциите на спасувачките тимови, јавува Си-ен-ен.

На островите Абако и Гранд Бахама, кои ураганот најтешко ги погоди, над 70.000 луѓе останаа без покрив над главите.

Уништената инфраструктура битно ги отежнува напорите на спасувачките екипи во потрага по преживеаните.

Околу 1.500 луѓе беа евакуирани вчера и превезени со крузери на Флорида. Евакуациите продолжија и вчера, при што беа организирани и чартер летови за превоз на преживеаните.

Иако Доријан со време го загуби статусот на ураган, последиците од неговите силни дождови и ветришта се почуствуваат во Нова Скотија на источниот брег на Канада, каде поради невремето стотици илјади луѓе останаа без струја.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе