Спасувачки операции во Луизијана

Ураганот во САД однесе најмалку два животи, се очекуваат „многу повеќе“ потврдени жртви (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа а повеќе од милион жители низ американските држави Луизијана и Мисисипи се без струја по ударот на ураганот Ида кој ослабе во тропска бура.

EPA-EFE

Во Њу Орлеанс се удавил возач, додека во Батон Руж стебло паднало врз човек, пренесуваат американските медиуми.

Портпаролката на гувернерот на Луизијана Кристина Стивенс кажа дека поради обемот на уништувањето „ќе има многу повеќе потврдени жртви“.

И гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвард предупреди дека бројот на жртвите веројатно ќе расте.

Додаде и дека речиси никој во Луизијана нема струја, дека е нарушено и снабдувањето со вода, а на Твитер објави дека се ангажирани 1.600 луѓе за спасувачки операции.

Спасувачките екипи во чамци и хеликоптери се обидуваат да стигнат до жителите на Луизијана кои се заробени во поплавите. Луѓе се заглавени на покривите или во поткровјата, а на социјалните мрежи ги објавуваат своите адреси за спасувачките екипи.

Многу патишта во Луизијана се непроодни, а во некои места се прекинати телефонските врски поради што засега не е познат целосниот обем на штетата.

Итната служба на Њу Орлеанс ги предупреди граѓаните да не излегуваат и дека ситуацијата и понатаму е многу опасна.

„Нашите насипи, главно, издржаа, особено оние кои ги изгради федералната влада. Но налетот на бурата, дождот и ветерот имаа катастрофални последици. Предизвикана е огромна штета на куќите и продавниците“, кажа гувернерот на Луизијана.

Насипите околу градот се значително подобрени по ураганот Катрина, кој во 2015 година предизвика катастрофални поплави и однесе 1.500 животи.

„Ова е ноќна мора кога станува збор за ковид. Се очекува да има раст на заразени поради оваа ситуација“, кажа портпаролката на гувернерот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе