Формиран над Атлантикот

Ураганот Офелија ѝ се заканува на Европа: Во понеделник трга кон Велика Британија

Офелија стана десетти ураган по ред кој оваа сезона се формираше над Атлантикот, откако тропската бура во четвртокот зајакна во ураган од прва категорија, пренесуваат британските метеоролошки служби.

Со ова се постигнува рекорд стар цел век што се случил уште три пати, во 1878, 1886 и 1893 година, наведоа метеоролозите. Тие предупредуваат дека ураганот на почетокот на следната недела би можел да го достигне западниот дел на Велика Британија.

Се очекува до вторник да пристапи до ирскиот брег.

Најсилните удари на бурата се очекуваат во северниот и западниот дел на Велика Британија, а брзината на ветровите би можела да достигне 130 километри на час.

„Офелија се очекува да остане ураган од прва категорија во недела, кога ќе помине западно од Португалија, а во понеделник да тргне кон Велика Британија. Додатно ќе ја подигне температурата во Европа, која ќе биде 5-7 степени повисока од нормалната“ наведуваат метеоролозите.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе