Ураганот Јота пустоши по Централна Америка, има мртви, илјадници се без струја и вода (ВИДЕО)

Поплавите поради дождот кој пристигна со ураганот Јота, кој ослабе и стана тропска бура, вчера и понатаму пустошеа по Централна Америка.

EPA-EFE

Јота, кој во понеделникот вечерта пристигна на карипскиот брег на Никарагва на врвот на својата разорна моќ зема четири жртви: по една на колумбискиот остров Провиденција и во Панама, и две деца во Никарагва кои ги однела надојдена река која сакале да ја поминат.

Откако на карипскиот брег на Никарагва стигна како ураган од петта, највисока категорија, Јота ослабе во тропска бура, со брзина на ветер од 105 км/ч, додека се движеше кон внатрешноста, соопштија никарагванските метеоролози.

Иако ослабена, Јота продолжи да се движи кон запад, преку Централна Америка која пред петнаесетина дена ја опустоши циклонот Ета кој на копното на Никарагва стигна како ураган од четврта категорија.

Циклонот Јота и понатаму ќе предизвикува поплави и пораст на нивото на реките, смртно заканувајќи им се на луѓето сè до четврток, предупреди Американскиот центар за следење на ураганите (НХЦ).

Во Хондурас и во Никарагва штетата „би можела да биде уште поголема од таа од неодамнешниот ураган Ета“, кој однесе најмалку 200 животи и погоди 2,5 милиони луѓе во Централна Америка, истакна ХНЦ.

Силните дождови и ветришта го отсекоа од светот Билви, најголемиот пристанишен град на северниот карипски брег на Никарагва, која беше прва на удар.

Ураганот го опустоши и карипскиот брег на соседен Хондурас.

Полицијата и војската и денес продолжија со евакуација на луѓето од загрозените области во долината во која е Сан Педро Сула, вториот по големина град во Хондурас и од делови од главниот град Тегусигалпа кои се блиску до поплавите и на кои им се закакува лизгање на земјиште и одрони.

Додека јакнеше над топлите води на Карипското Море, ураганот уништи 98 отсто од инфраструктурата.

Научниците предупредуваат дека поради загревањето на морето како последица на климатските промени ураганите уште долго остануваат силни откако ќе стигнат на копното.

Оваа година се забележани дури 30 тропски бури на Карибите, во Централна Америка и на југоистокот на Соединетите Американски Држави, најмногу досега.

Централноамериканските лидери кои ги обвинуваат индустриски развиените земји дека се одговорни за климатските промени во понеделникот заедно испратија барање до меѓународните финансиски институции за помош во обновата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе