Ураганот Јанос погоди делови од Грција, хаос на островите (ФОТО+ВИДЕО)

Грчката национална метеоролошка опсерваторија издаде итно предупредување за делови од Грција погодени од реткиот феномен медитерански ураган, „медиган“. Метеоролозите очекуваат дека состојбата наскоро нема да се смири.

Фото: ЕПА
 

Со ветер со брзина од 200 километри на час и обилен дожд, делови од некои острови кај западниот брег на Грција останаа и без електрична енергија. Некои патишта се поплавени, бротчињата се потонати, а ветерот со ураганска сила рушеше и дрвја и столбови.

Фото: ЕПА

Вечерва се очекува нов бурен бран да го зафати регионот Атика, како резултат на силниот медитерански циклон, кој Грците го нарекоа Јанос, а кој веќе ги погоди грчките брегови.

Областите што ќе бидат особено погодени од невремето, за кое претходно беше наведено дека може да биде незапаметено, се западот и југот на Грција.

Утре од невремето се очекува да бидат погодени и Пелопонез и делови од централна Грција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе