Снимка од ИСС

Ураганот Доријан забрзува кон Флорида (ВИДЕО)

Ураганот Доријан пред неколку часа прерасна во ураган од четврта категорија и е исклучително опасен.

На својот пат веќе ги зафати Порторико и дел од Бахамите, а уште еден дел од Бахамите допрва ќе зафати. На крајот ќе ја удри Флорида на чиј брег би требало да удри во понеделник.

Се очекува до тогаш уште повеќе да зајакне и да стане најсилниот ураган кој ја погодил Флорида во последните 20 години, по ураганот Ендрју, кој беше од четврта категорија.

Жителите на Флорида, како и сојузната влада на САД, се спремаат за ударот, додека метеоролошките служби и сателитите го следат движењето на Доријан.

НАСА објави снимка направена од Меѓународната вселенска станица, на која се гледа како ураганот забрзува кон најјужната американска држава.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе