Најсилниот ураган досега

Ураганот Доријан удри по Бахамите, загина осумгодишно момче (ВИДЕО)

Најсилниот ураган во историјата ги погоди Бахамите, а снимките кои се објавуваат по минувањето на ураганот Доријан покажуваат куќи без покриви и делови од населби целосно под вода.

Националниот центар за урагани објави предупредување за делови од Бахамите поради зголеменото ниво на водата што може да доведе до катастрофални поплави. Исто така, дел од помалите острови би можеле да завршат под вода.

Си-ен-ен јавува дека ураганот непрекинато удриа по делот од Бахамите на кој живеат 50 илјади луѓе. Ветерот во моментов дува со брзина од околу 265 км/ч. Но, најголемиот проблем е што, дури и јачината на ветрот да се намали, ураганот ќе минува многу споро ќе и направи поголема штета.

Еден од жителите изјави: „Во 2004 кога нѐ погоди ураганот Френсис десет дена бевме без струја, без вода... Знаеме добро што сега ни следува. Но успеавме повторно да изградиме сѐ. Така ќе биде и сега“, кажа за Си-ен-ен Кевин Томлинсон кој заедно со уште 40 луѓе се наоѓа во засолниште.

Гардијан јавува дека на Бахамите загинало осумгодишно момче. Засега нема други информации за тоа што се случило.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе