Ураганот Доријан сè поблиску до Бахамите: ветрови од 240 км/ч, следува евакуација (ВИДЕО)

Ураганот Доријан се приближува кон северниот дел на Бахамите како бура од четврта категорија со ветрови со брзина од 240 километри на час.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, на прес-конференција изјави дека 73.000 луѓе се загрозени од невремето и ги предупреди жителите на помалите острови да се евакуираат, објави Ројтерс.

Хотелите се затворени, а многу жители побараа засолниште во црквите, училиштата и другите објекти во очекување на ударот на ураганот подоцна во текот на денот.

Доријан сега е околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, објави АП.

Милиони жители од Флорида до Каролина се на штрек поради доаѓањето на ураганот, а метеоролозите предупредуваат дека Доријан би можел да предизвика опасно поплавување дури и ако не удри директно на копното, јавува агенцијата.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, во саботата попладне прогласи вонредна состојба, во пресрет на евентуалната закана од Доријан.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе