Ураганот Доријан прерасна во опасната петта категорија и ги погоди Бахамите (ВИДЕО)

Ураганот Доријан прерасна во категорија пет и ги погоди северните делови на Бахамите.

Бахамите се погодени од високи бранови и ветрови што достигнуваат брзина од 285 километри на час, а властите ги повикуваат жителите што живеат на низините во погодените области да се евакуираат.

Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместија во училишта, цркви и други засолништа.

Во некои делови снема електрична енергија и вода, пренесува АП.

Американскиот национален центар за урагани наведува дека ова е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите и дека на островите Абако условите се „катастрофални“.

„Ќе биде многу, многу лошо за Бахамите“, рече Фил Клоцбах, истражувач на урагани од Универзитетот во Колорадо.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, предупреди дека оние што не се евакуираат „се доведуваат во голема опасност“ и може да очекуваат „катастрофални последици“.

Националниот центар за урагани во Мајами денеска објави дека максималната брзина на ветерот достигнала 260 км на час и се движи кон запад со 13 км / ч.

Денес ураганот прерасна во петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофално ниво на уништување, пренесува АП.

Се очекува утре наутро ураганот да продолжи по полуостровот Флорида и да остане петта категорија.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе