Во Англија

Универзитет ги предупредува студентите дека Орвеловата „1984“ е „вознемирувачка и навредлива“

Како едно од најголемите дела во британскиот книжевен канон, книгата „1984“ упатува страшно предупредување за опасностите од цензурата.

Фото: Пиксабеј

Вработените во Универзитетот во Нортемптон, централна Англија, издал остро предупредување поради потенцијално „навредливиот и вознемирувачки“ материјал содржан во познатата дистопија од Џорџ Орвел, „1984“.

Студентите биле предупредувани за „експлицитниот материјал“ што ги чека во романот, кој, иронично, ги опишува опасностите од цензурата и тоталитарното владеење.

Романот сега е означен како вознемирувачки, бидејќи се осврнува на „тешките прашања поврзани со насилството, полот, сексуалноста, класата, расата, злоупотребите, сексуалната злоупотреба, политичките идеи и навредливиот јазик“, според универзитетот.

Јавноста за предупредувањето до студентите што работат по програма наречена „Идентитет во изградба“ дозна откако Дејли мејл во неделата поднел барање повикувајќи се на слобода на информациите.

„Ако предупредувањето спречи макар и еден студент да ја прочита 1984, Универзитетот во Нортемптон целосно потфрлил во својата мисија. Оваа книга, повеќе од која било друга, треба масовно да се чита во моментов“, истакна австралискиот професор Ендрју Тиминг.

Објавена во 1949 година, дистописката приказна на Орвел – сместена во тоталитарна држава што го прогонува индивидуалното размислување – му ги даде на светот фразите како „Големиот брат“ (Big Brother), „новоговор“ (newspeak) и „мисловна полиција“ (thought police).

Заплетот се фокусира на Винстон Смит, вработен во владата, кој е уапсен и мачен поради недозволена љубовна врска, но исто така дава моќни поенти за тоа што може да се случи со општеството што не ги негува академските слободи или сопствената историја.

Сепак, класиката на Орвел не е единственото дело од кое студентите во Нортемптон треба да се пазат, според раководството на универзитетот. Драмата на Семјуел Бекет „Завршница“, стрипот „В за вендета“ од Алан Мур и Дејвид Лојд и „Сексајќи ја црешата“ на Џенет Винтерсон, меѓу другите, исто така се наведени од универзитетот како „навредливи и вознемирувачки“.

Образовната институција, која моментално е рангирана на 108. место од 132 универзитети во Обединетото Кралство во изданието на Тајмс за 2022 година, во соопштение ги бранеше своите предупредувања. Нортемптон вели дека „Иако тоа не е политика на универзитетот, ние може да ги предупредиме студентите за содржина во врска со насилство, сексуално насилство, семејна злоупотреба и самоубиство“ бидејќи „некои текстови може да бидат тешки за некои студенти“.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе