Уништувањето на Амазонија во ноември било поголемо за 100 отсто од лани (ВИДЕО)

Уништувањето на прашумата во бразилска Амазонија го достигнало највисокиот степен за месецот ноември откако во 2015 почнале да се бележат неславните рекорди, покажуваат најновите податоци објавени вчера, со кои располага бразилската влада.

Во ноември биле уништени 563 квадратни километри од најголемата светска тропска прашума, што е за 103 отсто повеќе од истиот месец минатата година, покажува истражување на Националниот институт за вселенски истражувања (ИНПЕ).

Со тоа вкупното уништување на шумата во периодот од јануари до ноември достигна 8.934 квадратни километри, што е 83 отсто повеќе од истиот период во 2018 и претставува област со големина на Порторико.

Податоците кои ги собра институтот ИНПЕ се добиени преку базата на податоци ДЕТЕР, системот кој објавува аларми за пожари и други начини на загрозување на тропската шума.

Процесот на уништување на прашумата обично успорува во ноември и декември за време на дождовната сезона во Амазонија. Бројката за минатиот ноември која го открива нивото на уништување на шумата е невообичаено висока.

Истражувачите и активистите за зачувување на животната средина го обвинуваат десно ориентираниот бразилски претседател Жаир Болсонаро дека ги охрабрува ранчерите и дрвосечачите повикувајќи на економски развој на Амазонија и за ослабувањето на агенцијата за заштита на животната средина Ибама.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе