Униформите на американските вселенски сили се маскирни, сите ги исмеваат

Вселенските сили, новата гранка на американската војска, ги претстави своите маскирни униформи кои предизвикаа потсмев на социјалните медиуми, пренесува Би-би-си.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој кон крајот на минатата година го најави нивното основање на својот Твитер профил, објави фотографија од униформата на вселенските сили. Станува збор за маскирни униформи кои имаат класична маскирна шара на шума со ознаки извезени на рамото и градите.

Униформите веднаш предизвикаа потсмев и исмејување на социјалните мрежи. Еден корисник на Твитер праша: „Дали виделе некогаш како изгледа универзумот?“ „Колку дрвја очекувате да пронајдете во вселената“, се прашува друг.

Војската преку Твитер ги објасни и причините зошто униформата изгледа вака. Тие рекоа дека ги зеле постојните униформи на воздухопловните сили за да ги намалат трошоците за правење нови. Но, и покрај објаснувањето, исмевањето продолжи.

Инаку, создавањето на новите воени сили Трамп го најави кон крајот на минатата година. Новата гранка на американската војска, сепак, нема да ги испраќа своите членови во вселената, туку ќе бидат задолжени за надгледување и чување стотици сателити што се користат за комуникација и надзор.

Секретарката на американските воздушни сили, Барбара Барет изјави дека вселенските сили ќе имаат околу 16.000 припадници на воздушните сили и цивилен персонал. За нивното основање во првата година ќе бидат издвоени 40 милиони долари.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе