Униформирани деца во Србија учат да пукаат и да се борат со ножеви (ВИДЕО)

Во Србија на Златибор е отворен првиот „младинско-патриотски“ камп за деца, кој го организираат „српски и руски ветерански и патриотски групи“, јавуваат српските медиуми.

На видео сервисот на руската агенција Раша тудеј се појави снимка во чиј опис се наведува дека во кампот учествуваат триесетина деца на возраст од 14 до 23 години.

„Децата ги учат основните техники на преживување во природа, вклучувајќи и пружање прва помош, како да се однесуваат во борба, како да пукаат од пушки, да се одбранат со ножеви, да се снаоќаат во простор“, се наведува во описот на видеото.

Се додава и дека слични кампови се одржуваат во Русија и дека ова е првиот од тој вид во Србија.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе