УНИЦЕФ: Прекумерната потрошувачка на богатите земји ја уништува светската животна средина

Кога целиот свет би трошел ресурси според стапката на најбогатите земји, ќе ни требаат повеќе од три Земји, се вели во извештајот на УНИЦЕФ, објавен во вторник.

Фото: Роберт Атанасовски

Детскиот фонд на ОН во истражувањето го спореди глобалното влијание врз животната средина на 39 членки на Европската унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Изложеноста на штетни загадувачи, потрошувачката на ресурси, отстранувањето на електронскиот отпад и националниот придонес во климатската криза се меѓу индикаторите опфатени со истражувањето.

Шпанија, Ирска и Португалија се на врвот на скалата бидејќи на своите деца им нудат добра животна средина и имаат релативно низок придонес за глобалните еколошки проблеми.

Од друга страна, Австралија, Белгија и Канада се меѓу најбогатите земји во светот, за кои се вели дека имаат сериозно влијание врз глобалната средина, а со тоа и врз децата ширум светот, како и врз децата во тие земји.

„Не само што повеќето богати земји не успеваат да обезбедат здрава животна средина за децата во своите граници, туку придонесуваат и за уништување на животната средина на децата во другите делови на светот“, рече Гунила Олсон, директорка на Канцеларијата за истражување на УНИЦЕФ „Иноченти“.

„Во некои случаи, гледаме земји кои обезбедуваат релативно здрава животна средина за децата дома, но се меѓу најголемите загадувачи што ја уништуваат животната средина во странство“, додаде таа.

Австралија, Белгија, Канада или САД не обезбедуваат здрави услови ниту за децата кои живеат во нивната област, додека помалку богатите земји во Латинска Америка и Европа прават помала штета на општата состојба на планетата, покажа истражувањето.

Во 39 набљудувани земји, повеќе од 20 милиони деца имаат високо ниво на олово во крвта, се вели во извештајот.

Иако Финска, Исланд и Норвешка се во првите редови во обезбедувањето здрава животна средина за сопственото потомство, од друга страна, тие се на последно место според влијанието на планетата во однос на емисиите, количината на електронскиот отпад и нивото на потрошувачка.

Во Исланд, Латвија, Португалија и Британија, секое петто дете дома е изложено на влага и мувла, а во Кипар, Унгарија и Турција, повеќе од секое четврто. Многу деца вдишуваат отровен воздух во затворен простор но и на отворено, особено во Мексико, за разлика од Финска и Јапонија, се вели во извештајот.

Во Белгија, Израел, Холандија, Полска, Чешка и Швајцарија, постои можност секое дванаесетто дете, а и повеќе, да биде изложено на високо ниво на загадување поврзано со пестициди, се вели во извештајот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе