УНИЦЕФ: Пандемијата би можела да загрози цела генерација деца

Речиси сите показатели кои го мерат развојот на децата и адолесцентите назадувале за време на пандемијата на коронавирусот, што би можело да има трајни последици за цела генерација, предупредува УНИЦЕФ.

EPA-EFE

„Се зголеми бројот на изгладнети, изолирани, малтретирани и измачени деца кои живеат во сиромаштија или се присилени на брак“, кажа директорката на УНИЦЕФ Хенриета Форе.

„Истовремено, намален им е пристапот до образованието, можностите за социјализација и основните услуги како здравјето, исхраната и заштитата. Сè укажува на тоа дека децата ќе ги трпат последиците на пандемијата во годините кои доаѓаат“, додаде таа.

Повика на ставање на децата во фокусот на напорите за оправување, давајќи му предност на повторното отворање на школите и пружајќи им социјална заштита на семејствата, вклучувајќи и парична помош за да се избегне изгубена генерација.

УНИЦЕФ наведува и низа алармантни податоци. Иако пандемијата најмногу ги погоди постарите лица, децата и адолесцентите помлади од 20 години претставуваат 13 отсто од 71 милион случаи на коронавирусот идентификувани во 107 земји кои пружаат податоци по возраст.

Во земјите во развој проекциите покажуваат пораст на сиромаштијата кај децата за 15 отсто. Шест до седум милиони деца веќе би можеле да патат од неухранетост, што е пораст од 14 отсто, а што би можело да резултира со 10.000 дополнителни смртни случаи месечно, главно во супсахарска Африка и Јужна Азија.

За 168 милиони ученици низ светот училиштата се затворени речиси една година. Барем третина од оние чии училишта се затворени немаат пристап до интернет образование. Најмалку едно од седум деца и адолесценти било подложено на мерките на карантин поголемиот дел од минатата година, истакнувајќи ги депресијата и изолацијата.

Коронавирусот исто така довел до прекин на кампањите за вакцинирање против други болести, почнувајќи од сипаниците, во 26 земји, што дополнително ги зголемило заканите по здравјето на неимунизираните луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе