Директорката на одделот за испорака на производи во УНИЦЕФ Етлева Кадили кажа дека од големо значење е партнерството со бројни компании.
„Додека се работи на финиширањето на вакцината против коронавирусот, УНИЦЕФ се здружува со авио-компании, бродски компании, сите оние кои можат да ни помогнат да ги испорачаме вакцините“, кажа таа.
За да ги почне подготовките за испорака на вакцините, УНИЦЕФ ги информирал водечките авио-компании за начинот на кој ќе се испорачаат околу две милијарди дози вакцини за вирусот следната година.
Освен вакцините, со бродови ќе бидат транспортирани и милијарда шприцеви.
Набавката, испораката и дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот ќе биде најголемата и најбрза акција која УНИЦЕФ ја извел.