УНИЦЕФ ги призна пропустите околу децата жртви на наводните сексуални злоупотреби од страна на мировниците

Истрагата покажа дека децата биле бездомници и надвор од училиште во Централната Африканска Република и покрај уверувањето на ОН дека ќе ги заштити, пренесе Гардијан.

Детската агенција при ОН призна дека има недостатоци во нејзината хуманитарна поддршка за децата кои тврделе дека биле силувани и сексуално малтретирани од страна на француските мировници во Централната Африканска Република (ЦАР).

Изјавата на УНИЦЕФ Холандија е прво јавно признание за неодамнешниот неуспех на агенцијата да обезбеди поддршка за некои од жртвите на наводните злоупотреби од страна на мировниците во африканската нација. Ова следи откако секторот за помош и ОН се соочуваат со зголемена контрола околу нивните неуспеси во справувањето со интерните сексуални злоупотреби од страна на нивниот персонал.

УНИЦЕФ имале задача да ја надгледуваат поддршката на децата кои велат дека биле малтретирани од страна на мировниците.

Но, во март минатата година, наградуваната истрага Упдраг гранскнинг (Мисија истрага) од Шведската телевизија откри дека некои од децата наводно под грижа на ОН биле бездомни, надвор од училиште и принудени да живеат на улица, и покрај гаранциите на Обединетите нации дека тие ќе бидат заштитени. Претставникот на УНИЦЕФ во ЦАР за програмата изјавил дека децата биле во програмата за помош на малолетни лица и биле поддржувани. Тој рекол дека не е свесен дека некои од нив се на улица.

Но, претходно овој месец - пред холандското емитување на програмата - УНИЦЕФ Холандија ѝ призна на холандската телевизиска програма Зембла дека УНИЦЕФ не успеале во својата должност да им помогнат на некои од наводните жртви. Но, соопшти дека од првата емитувана програма, презеле чекори да ги лоцираат децата прикажани во програмата и да им дадат поддршка.

Марике ван Сентен од Зембла изјави дека шведскиот филм е „неверојатен“ бидејќи децата што биле интервјуирани им биле познати на УНИЦЕФ, а сепак не биле згрижени.

Ван Сентен рече: „Шокантно е дека не еднаш, туку двапати агенциите на ОН не успеале да им помогнат на овие жртви“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе