Загинале и четири деца

УНХЦР: Во воздушни напади врз Јемен гаѓани цивили

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека е „исклучително тажна“ поради гаѓањето цивили во неодамнешните воздушни напади на меѓународната коалиција во главниот град на Јемен, при што загинале најмалку шест лица, меѓу кои четири деца.

Портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечиќ, рече дека меѓу повредените во вчерашните напади имало бегалци, меѓу кои и една жена од Сомалија и нејзината ќерка, што добивале „критична“ медицинска помош.

УНХЦР изјави дека хуманитарните услови за повеќе од 275.000 бегалци и баратели на азил што живеат во Јемен се „значително влошени“ поради војната во таа земја.

Јеменската влада, поддржана од меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, војува против бунтовниците од движењето Хути од 2015 година.

Повеќе од 10.000 луѓе загинаа, а милиони беа раселени во таа војна, која предизвика тешко разорување и широко распространета глад во најсиромашната земја на арапскиот свет.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе