Унгарскиот министер за надворешни работи: Нема да поддржиме санкции на руските гас и нафта

Унгарија нема да поддржи никакви санкции поврзани со руските гас и нафта, кажа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

EPA-EFE

„Не ги поддржуваме предлозите за енергетски санкции против Русија“, кажа унгарскиот министер. Сијарто додаде дека тоа не се однесува само на увозот на нафта и гас туку и на соработката со Русија за нуклеарна енергија, особено за снабдување со гориво за нуклеарната централа Пакс во Унгарија.

Тој кажа дека Унгарија, која има граница со Украина, ќе направи сè за да ја осигури безбедност на своето снабдување со енергија.

Во интервју за Би-би-си претходно месецов, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека ги блокираат напорите за ембарго на продажбата на енергенси, од што Русија годинава може да заработи до 300 милијарди евра.

„Би сакал да бидеме искрени, нафтеното ембарго е едно од клучните прашања за кое знаеме дека Германија и Унгарија го блокирале меѓу европските земји. Мораме да разговараме со тие земји за тоа како е можно во Европската Унија да постојат различни ставови околу ова прашање, околу нафтеното ембарго“, кажа украинскиот претседател.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кажа минатиот месец дека, иако Унгарија ја осуди инвазијата на Русија на Украина, нема да поддржи санкции на руските нафта и гас.

„Иако ја осудуваме руската оружена офанзива и ја осудуваме војната, нема да дозволиме унгарските семејства да се присилуваат да ја платат цената на војната. Затоа санкциите не смеат да се прошират на нафтата и гасот“, кажа Орбан.

Тој смета дека санкциите против рускиот нафтен и гасен сектор ќе претставуваат „несразмерно голем товар за Унгарија“.

Претходно месецов ЕУ одобри нови санкции за Русија, вклучувајќи ембарго на увозот на јаглен. Брисел соопшти дека работи на нова рунда санкции кои би го вклучувале увозот на нафта.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе