Унгарски здруженија: Би можеле да го забранат Хари Потер поради законот за хомосексуалност

Унгарија во вторникот усвои нацрт-закон кој забранува „промовирање" на хомосексуалноста кај малолетни лица, што предизвика загриженост кај активистите за човекови права, во услови на зголемени рестрикции кои конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан ги наметнува врз ЛГБТ лицата.

Фото: ЕПА

Амандманот на законот е изгласан со 157 гласа, вклучително и владејачката партија Фидес, на седница емитувана во живо на телевизија.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен Јобик, крајно десничарската партија која се спротивставува на Орбан, а која гласаше за забраната.

„Порнографија и содржини што прикажуваат сексуалност или промовираат отстапување на идентитетот од тој вид, промена на пол и хомосексуалност не смеат да бидат достапни за лица на возраст под 18 години“, се вели во документот, додавајќи дека целта е да се „заштитат правата на децата“.

Во пракса, ова значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е онаа на Кока-Кола, што претставува пар мажи што во 2019 година и предизвика повици за бојкот.

Ниту пак, книги што ја промовираат хомосексуалноста.

Сериите како „Пријатели“ и филмови како „Бриџит Џонс“, „Хари Потер“ и „Били Елиот“, во кои се зборува за хомосексуалноста, исто така, може да бидат забранети за малолетни лица, предупредуваат невладините организации.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Будимпешта во понеделник вечер во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТ заедницата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе