Унгарски министер: Ковид-пасошите не смеат да дискриминираат, треба да се почитуваат сите вакцини

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто потврди дека Унгарија се спротивставува на ставот на ЕУ дека треба да бидат прифатливи само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), оценувајќи дека ковид-пасошите треба да ги почитуваат сите вакцини, вклучително и оние одобрени на национално ниво.

Фото: ЕПА

„Сметаме дека ковид-пасошите не смеат да бидат дискриминирачки“, рече Сијарто откако во Белград разговараше со српскиот колега Никола Селаковиќ.

Сијарто истакна дека постојат два начина на одобрување на вакцините за употреба во ЕУ - едниот е дозвола од ЕМА, а другиот е дека, во ситуација како што е пандемија, вакцината е одобрена од национален регулатор и дека во тој контекст луѓето не можат да бидат дискриминирани со ковид- пасоши.

Сијарто и Селаковиќ се согласија дека нема пречки за Унгарија и Србија да разговараат за билатералниот договор што ќе им овозможи на граѓаните на двете земји да патуваат на нивните територии.

Проценувајќи дека Србија е „меѓу најдобрите во светот“ во однос на вакцинацијата и дека неговата земја е втора во Европа, министерот за надворешни работи на Унгарија рече дека за тоа придонело тоа што ниедна од нив не дозволила прашањето за вакцинација на населението да се политизира или некој друг да одлучува за тоа наместо домашни експерти.

„Спасивме толку животи колку што набавивме вакцини ‘од исток’ и без нив не би можеле да извршиме вакцинација во толкав број“, рече Сијарто, чија земја ги набави кинеската и руската вакцина и најави дека до мај во Унгарија ќе бидат вакцинирани 3.5 милиони луѓе.

Тој рече дека Будимпешта го следи развојот на ситуацијата во врска со дилемата околу вакцината Астра зенека и дека мерките, доколку бидат преземени, ќе зависат од ставовите на унгарските експерти.

Ниту Селаковиќ, ниту Сијарто не гледаат пречка за билатералните разговори за ковид-пасошите со Унгарија, но истакнаа дека Белград од Брисел очекува „да се придржува до основните европски вредности, вклучително и слободата на движење“.

Селаковиќ за односите меѓу Србија и Унгарија рече дека „историски се на највисоко ниво“, потенцирајќи ја соработката во борбата против коронавирусот, евроинтеграцијата и економијата, наведувајќи дека трговијата со Унгарија достигнала вредност од 1,94 милијарди евра во 2020 година.

Денес двајцата министри ги потпишаа протоколите што го следат веќе потпишаниот Меморандум за т.н. колокација, која предвидува унгарски дипломати да можат да ги користат просториите на српската амбасада во главниот град на Замбија, Лусака, додека за српските дипломати и за српската заедница ќе бидат отворени вратите на унгарските амбасади во Ла Валета на Малта и чилеанскиот главен град Сантијаго.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе