Унгарската влада кон крајот на јуни би можела да се откаже од посебните овластувања

Унгарската влада би можела кон крајот на јуни да се откаже од посебните овластувања што ги доби со цел борбата против коронавирусот, во зависност од состојбата на заболените, рече шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Во март, Орбан доби одврзани раце да се бори против епидемијата, што беше критикувано од групите за човекови права, неколку земји членки на ЕУ и Европската комисија. Орбан рече дека посебните овластувања парламентот, во кој неговата партија Фидес има двотретинско мнозинство, може да ги повлече во било кое време.

Според законот, секој што намерно шири лажни информации што можат да ги вознемират луѓето или да ја поткопаат борбата против коронавирусот, може да се соочи со затвор до пет години.

„Владата би можела да се откаже од своите посебни овластувања до крајот на јуни ако ситуацијата (со епидемијата) се промени“, рече Гергели Гулијас, шефот на кабинетот на Орбан.

Тој, исто така, на онлајн брифинг со медиумите рече дека владата размислува за олеснување на мерките во Будимпешта од следната недела, поради падот на бројот на заразени. Мерките за карантин веќе се намалени во провинцијата.

Вера Јурова, комесар за европски вредности и транспарентност, говорејќи во Европскиот парламент претходно рече дека ЕУ влегува во нова фаза на ублажување на одредени мерки преземени за заштита на јавното здравство.

„Новата фаза значи дека вонредните овластувања што ги имаа владите треба постепено да бидат отстранети или заменети со подобро насочени или помалку наметливи мерки“, рече Јурова.

„Комисијата внимателно ќе следи како итните мерки влијаат врз владеењето на правото, основните права и демократските вредности и како во фази се спроведуваат во земјите-членки... Ова е особено важно за Унгарија со оглед на недостаток на јасна временска рамка“.

Виктор Орбан бил повикан на пленарната седница на Европскиот парламент да учествува во расправата за состојбата во Унгарија со оглед на критиките на ЕУ, но тој најави дека во ЕП ќе ја испрати министерката за правда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе