Унгарија забрани пратки со оружје за Украина

Членката на НАТО Унгарија стави забрана на пратки со оружје за Украина, објаснувајќи го потегот како заштита на сопствената безбедност и спречување да биде „вовлечена во војна“.

EPA-EFE

Унгарскиот премиер Виктор Орбан потпиша указ со кој се забранува испраќање оружје на Украина, објаснувајќи ја одлуката со потребата да ја зачува безбедноста на сопствената земја.

Во видео-порака, која ја објави денес на Фејсбук, Орбан кажа дека указот следи по проценката на ситуацијата во Украина. „Поради тоа што воените активности доаѓаат сè поблиску и поблиску до унгарската граница“, кажа Орбан, решил да го забрани снабдувањето со оружје.

„Наредбата јасно дава до знаење дека оружје не смее да се транспортира од унгарска територија до територијата на Украина“, кажа Орбан.

Објавата доаѓа откако шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во неделата кажа дека главната цел на владата е „да спречи Унгарија да биде вовлечена во оваа војна“.

„Поради оваа цел, одолеваме на притисокот и барањата на опозицијата: нема да испратиме ни војници ни оружје во Украина, ниту ќе дозволиме пренесување смртоносно оружје на нашата територија“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Указот со кој се забранува испраќање оружје во Украина дозволува НАТО силите да бидат стационирани во Унгарија и дозволува транспорт на оружје преку нејзина територија до други НАТО членки.

Унгарија, за разлика од повеќето нејзини западни партнери, ја осуди Русија два дена откако почна инвазијата, а претседателот на земјата Јанош Адер кажа дека Унгарија ги дели „заедничките позиции на ЕУ и НАТО“.

Подоцна, премиерот Виктор Орбан потврди дека неговата земја нема да стави вето на ЕУ санкциите против Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе