Вчера претставниците на ЕУ предложија нов пакет санкции против Русија, кои вклучуваат и ограничување на цената на руската нафта и воведување дополнителни ограничувања на трговијата со високотехнолошка стока.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека целта на новите санкции е „да се натера Кремљ да плати“ за ескалацијата на војната против Украина. Вети дека ЕУ ќе воведе ограничување на цената на руската нафта што „ќе помогне да се намалат приходите на Русија и да се одржи стабилноста на глобалните пазари“.
Гергели Гулјаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан денес експлицитно кажа дека Унгарија е против новите санкции.
„Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но ако во новиот пакет има енергетски санкции, тогаш не можеме и нема да ги поддржиме“, кажа Гулјаш.
„Чекаме финална, целосна листа на санкциите и тогаш ќе може да преговараме за нив. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции“, истакна тој.