Европската агенција за лекови сè уште на ја одобрила

Унгарија прва во ЕУ ја одобри вакцината Спутник V

Унгарија е првата земја од Европската Унија која ја одобри руската вакцина против коронавирусот Спутник V, а ја одобри и британската вакцина на Оксфорд и Астра Зенека.

EPA-EFE

„Фармацевтските власти дадоа привремена дозвола“ за тие две вакцини против ковид-19, изјави на конференција за медиумите шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Џерџели Џула.

Според европските прописи, националните власти можат итно да одобрат дистрибуција на производ кој не го одобрила Европската агенција за лекови (ЕМА), но тогаш тие ја имаат целосната одговорност.

Од почетокот на кампањата за вакцинација на крајот на декември, Унгарија доби околу 330.000 дози од вакцините на Бајонтек/Фајзер и Модерна, кои сега се одобрени во ЕУ.

„За жал, ЕМА е исклучително спора“, кажа Џула.

Кога станува збор за вакцината која ја развија британската лабораторија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд, „Британија уште претходно ја одобри и веќе ја користи“, потсети унгарскиот функционер и додаде дека мислењето на европското регулаторно тело се очекува на крајот на месецот.

Руските власти поднесоа барање за регистрација на Спутник V во ЕУ, но ЕМА сè уште не ја почнала процедурата на проверка.

„Владата само сака да ги набави вакцините кои им се дадени на милиони луѓе и за кои природно е утврдено дека се безбедни и ефикасни“, кажа Џула. Унгарија нарача и милион дози од кинеската вакцина на Синофарм и сега се очекува одобрување од унгарските инспектори кои се во моментов во Пекинг. Во Унгарија од почетокот на пандемијата на вирусот умреа 11.700 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе