Секешфехервар, еден од најбогатите градови во Унгарија, со кој управуваат членови на партијата на Орбан, е еден од многуте кои ги затвораат своите музеи, библиотеки и театри преку зимата. Градоначалникот Андрас Чер Палковиќ најави дека и новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, овој месец ќе биде затворен поради штедењето.
„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека се потребни“, кажа за Франс прес Чер Палковиќ, член на владејачката партија Фидес.