Унгарија планира да воведе ковид-пасоши

Унгарската влада планира воведување специјални пасоши за граѓаните кои се вакцинирале од ковид-19 или кои можат да докажат дека оздравеле од заразата, кажа денес унгарски функционер.

EPA-EFE

Меѓутоа, користа од такви пасоши допрва треба да се докаже, според зборовите на Ѓергели Гулјаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Досега во Унгарија се вакцинирани околу 300 илјади луѓе, со тоа што втора доза од вакцината имаат примено околу 117 илјади.

На Унгарците досега им беа давани вакцините развиени од Бајонтек/Фајзер и Модерна.

Меѓутоа, Унгарија планира наскоро да ја одобри кинеската вакцина Спутник V и кинеската Синовак во следните недели.

Таа ќе биде првата земја од Европската Унија која би ги одобрила тие вакцини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе