Унгарија одбива да расправа за ембарго на рускиот гас

Унгарската влада одбива и да расправа за можноста за воведување ембарго на рускиот природен гас, кажа шефот на дипломатијата Петер Сијарто и додаде дека Унгарија не прифаќа компромис кога станува збор за безбедноста на снабдувањето со гас.

EPA-EFE

Ембаргото на рускиот гас би ја разнишало економијата и способноста за функционирање на земјата, ја пренесе унгарското министерство за надворешни работи изјавата на Сијарто пред состанокот на министрите за енергетика на Европската Унија во Луксембург. На средбата ќе се разговара и за формирање заедничка платформа за набавка на енергија.

„Не ни пречи тоа што Европската Унија бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. На земјите членки не смее да им се наметне каква било обврска поврзана со набавката“, кажа Сијарто.

Тој укажа и на техничките тешкотии на патиштата за снабдување со гас од Русија во Западна Европа. Унгарија од Европската комисија очекува да каже дали тие тешкотии се навистина предизвикани од доцнењето на опремата која е потребна за ракување со гасоводот, која е заглавена во Канада каде што била испратена на одржување, кажа тој.

„Ако е тоа вистина, тогаш од Европската комисија очекуваме да преземе мерки со кои би се спречила краткорочна криза со европските резерви на гас“, порача унгарскиот министер. Истакна дека неколку западноевропски земји морале да прогласат вонредна состојба.

„Војната во нашето соседство и санкциите кои поради неа се наметнати доведоа до сериозен пораст на цените на европскиот енергетски пазар“, кажа Сијарто. „Постои и голем проблем со количествата и тие проблеми предизвикаа уште поголем пораст на цените“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе