Унгарија му кажа „не“ на НАТО

Унгарија денеска стави вето на заедничката изјава на НАТО за Украина бидејќи во документот не се споменува „ускратувањето на правата“ на унгарското малцинство во таа земја.

Во исто време, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги отфрли критиките дека Унгарија е премногу блиска до Русија и дека се залага за „прагматични односи“ со Москва затоа што „Унгарците се руски шпиони“.

Сијарто ваквите обвинувања ги нарече „смешни навреди од устата на западните пријатели на Унгарија“.

Унгарија тврди дека измените на украинските закони за образование и јазик ги кршат малцинските права, а владата на Виктор Орбан е во судир со Украина и затоа што земјата не дозволува малцинските етнички Унгарци да имаат двојно државјанство.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја посети Будимпешта.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе