Ги зголемуваат годишните издвојувања за одбрана

Унгарија купува од САД ракети за противвоздушна одбрана за околу милијарда долари

Унгарија вчера потпиша изјава за намера да купи од Соединетите Американски Држави ракети за противвоздушна одбрана за околу милијарда долари.

EPA-EFE

Американската амбасада во Будимпешта го потпиша договорот како „досега најголемата унгарска одбранбена набавка од САД“.

Министерството за одбрана на Унгарија, членка на НАТО од 1999 година, наведе дека договорот вклучува купување ракети воздух-воздух и земја-воздух.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан минатата година ги објави плановите на владата да набави американско оружје и додаде дека „во тек е изградба на модерна унгарска војска“.

Орбановата влада од 2015 година ги зголемува годишните издвојувања за одбраната, по острите намалувања на трошењата во годините по светската економска криза од 2008 година.

Членките на НАТО во 2014 се договорија постепено да ги зголемуваат трошоците за одбрана, за тие во секоја земја да го достигнат нивото од два отсто од бруто домашниот производ (БДП) до 2024 година.

Во буџетот за 2021 година Унгарија за одбраната предвиде издвојувања до 778 милијарди форинти (околу 2,25 милијарди евра), што е околу 1,66 отсто од БДП.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе