Унгарија купува „големи количества“ од вакцината Спутник V

Унгарската влада соопшти дека постигнала договор за набавка на „големи количества“ од руската вакцина Спутник V, која не ја помина проверката на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Фото: ЕПА

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто го објави купопродажниот договор во видеопорака објавена на Фејсбук.

„Деталите ќе бидат објавени подоцна“, изјави шефот на унгарската дипломатија, кој е во посета на Москва.

Унгарија е првата земја во Европската Унија што ја одобри руската вакцина против коронавирусот Спутник V, а исто така ја одобри и британската вакцина на Астра зенека.

Според европските регулативи, националните власти можат итно да одобрат дистрибуција на производ што не е одобрен од ЕМА, но тогаш тие носат целосна одговорност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе