Според заменик-шефот на партијата на Орбан

Унгарија ќе прави чистка во сите организации финансирани од Џорџ Сорос

Унгарија планира да се впушти во борба со невладините организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос сега кога Доналд Трамп ќе се всели во Белата куќа, рече заменик-шефот на партијата на премиерот Виктор Орбан, пренесува Блумберг

Оваа членка на Европската Унија и родна земја на Сорос ќе ги искористи „сите средства што ѝ се на располагање“ за да „направи чистка“ во НВО-ата финансирани од милијардерот роден во Унгарија, кои „им служат на светските капиталисти и ја претпочитаат политичката коректност пред националните влади“, изјави Силард Немет, заменик-претседател на владејачката партија Фидес, за новинарите во вторникот. Во Институтот Отворено општество во Будимпешта никој не одговарал на телефонските повици на Блумберг по работното време.

„Мислам дека постои можност за тоа, на меѓународно ниво“, поради изборот на Трамп, ја пренесе државната новинска служба МТИ изјавата на Немет. Пратениците ќе почнат расправа за предлог-закон со кој ќе им се дозволи на властите да испратат инспекции во невладините организации.

Орбан беше првиот европски лидер што јавно ја поддржа кампањата на Трамп и наводно бил поканет од Трамп да ги посети САД. Тој ги игнорира критиките од Европската комисија и од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама дека гради „нелиберална држава“, според моделот на авторитарните режими како Русија, Кина и Турција.

Во 2014 година, лично Орбан ѝ нареди на државната ревизиска агенција да покрене истрага за фондациите финансирани од Норвешка и рече дека групите за граѓанско општество финансирани од странство се покритие за „платените политички активисти“. Како резултат на победата на Трамп, Орбан се почувствува засилен и понатаму да им се противи на воспоставените европски структури и нивните главни поддржувачи.

Како што забележува Блумберг, Орбан и неговата влада постојано ги издвојуваат НВО-ата поддржани од Сорос, истакнат поддржувач на Хилари Клинтон и на Демократската партија, со широка мрежа на организации што ја промовираат демократијата во порано комунистичката Источна Европа.

Орбан не е сам: Трамп исто така го обвини 86-годишниот милијардер дека е дел од „глобална структура на моќ што е одговорна за економските одлуки што ја ограбија нашата работничка класа, ја соголија нашата земја од нејзиното богатство и тие пари ги ставија во џебовите на неколку големи корпорации и политички субјекти“. Во една предизборна реклама тој објави фотографии на Сорос заедно со претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен и извршниот директор на групацијата Голдман Сакс Лојд Бланкфајн, кои обајцата се Евреи. Антидифамациската лига ја критикуваше рекламата дека допира „теми што антисемитистите ги користат со векови“.

Меѓутоа, од тогаш работите се променија, па Трамп повика двајца истакнати банкари од Голдман, Стивен Мнучин и Гери Кон, да служат во неговата администрација. Неговиот сегашен став за Џорџ Сорос е непознат.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе