Унгарија ја купува кинеската вакцина

Унгарската влада објави дека постигнала договор со кинеската компанија Синофарм за купување на нивната вакцина против коронавирус, што претставува нов чекор во оддалечувањето на Будимпешта од Европската унија.

Фото: ЕПА

Владата на Виктор Орбан остро ја критикуваше ЕУ за бавната набавка и испорака на вакцините кои сега се закануваат на закрепнувањето на економијата. Владата во четвртокот донесе и регулатива со која се овозможува набавка на вакцини надвор од централизираната програма на ЕУ.

„Ако погледнеме надвор од границите на ЕУ, ќе видиме дека САД, Велика Британија и Израел се вакцинираат со зголемена брзина“, објави шефот на дипломатијата Питер Сијарто на Фејсбук. Неговиот портпарол за Ројтерс изјави дека постапката за одобрување на кинеската вакцина е „во тек“.

Шефот на Кабинетот на унгарскиот премиер Гергеј Гујаш на брифинг во четвртокот изјави дека пратките вакцини според програмата на ЕУ премногу бавно пристигнуваат и дека Унгарија ќе ги продолжи преговорите со Русија и Кина за набавка на дополнителни дози на вакцини.

„Практично постигнавме договор со Синофарм. Во првата пратка може да има до еден милион дози“, рече Гујаш.

Кина ја одобри употреба на вакцината на компанијата Синофарм кон крајот на декември. Детални податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината не се објавени, но кинеската фармацевтска компанија тврди дека нивната вакцина е ефикасна 79,34 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе