Унгарија и Полска рекоа „не“ за ЛГБТИК

„Европа што штити“ е мотото на Австрија за нејзиното претседателствување со Советот на ЕУ. Но тие не можеа да се договорат да ги заштитат сите, вели Политико.

Унгарија и Полска во четвртокот го отфрлија заедничкото соопштение на министрите за вработување и социјални прашања на ЕУ, чија цел е промовирање на родовата еднаквост во дигиталната ера, поради приговорите за споменувањето на ЛГБТИК, кратенка што покрива цел спектар геј, бисексуални, трансродови, интерсексуални, квир и родово неопределени поединци.

Бидејќи околу тоа не беше постигната едногласност, а земјите на ЕУ изразија револт велејќи дека повеќе нема да ги толерираат дејствата на Варшава и Будимпешта, Австрија го усвои текстот со референцата ЛГБТИК, иако тој ја нема законската тежина што ја имаат формалните заклучоци на Советот.

Никој не беше особено среќен од тој исход, кој го нагласи проширениот јаз за прашањата за фундаменталните вредности, кои ги одвојуваат Полска и Унгарија од остатокот од блокот.

Полската и унгарската влада ги отфрлија тие обвиненија и инсистираа дека нивните позиции во голема мера ги одразуваат вредностите на нивните конзервативни општества. Но постојаните напори на двете влади да го намалат значењето на прашањето за заштита на ризичните групи ги разгневи другите земји на ЕУ, кои сметаат дека Варшава и Будимпешта заговараат дискриминација на малцинствата и неоправдано непочитување на основните човекови права.

Полската и унгарската влада не одговориле на барањата на Политико за коментар.

„Вклучувањето и еднаквоста на ЛГБТИК се основни вредности на нашата Европска Унија“, рече холандскиот министер за социјални работи и вработување, Воутер Колмес, и нагласи дека тоа е местото „каде што јас ја цртам линијата. Ние никогаш нема да ги загрозиме нашите принципи. Ова не е тема на дискусија и никогаш не требаше да биде проблем во ниедна земја-членка. Затоа сум среќен што референцата се враќа во текстот. Иако жалам што не успеавме да ја усвоиме како заклучок на Советот.“

„Дебатата беше навистина тешка во почетокот“, рече портпаролката на австриското претседателство на ЕУ, Вера Пирерфелнер. „Очигледно има држави што имаат проблеми со споменувањето на ЛГБТИК и, се разбира, нашата цел беше да добиеме заклучоци на Советот. Навистина се обидовме да пронајдеме заеднички јазик“.

Текстот што го усвои Австрија ги повикува земјите од ЕУ да ги „поддржат младите луѓе во зајакнувањето на своите дигитални способности и самодовербата во користењето на дигиталните технологии, како и во подобрувањето на нивната онлајн и социјална медиумска писменост со... преземање чекори за создавање и поддршка на инклузивен, и недискриминаторски онлајн-простор за сите... па и за млади луѓе со низок социоекономски статус, младите луѓе од етничките малцинства, вклучително и Ромите, младите лица со посебни потреби, младите луѓе во руралните средини, младите луѓе со имигрантско потекло и младите ЛГБТИК-лица.“

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе